Есенски зеленчук за добар вид – задолжително вметнете ги овие 5 намирници во вашата исхрана

Исхраната со високо ниво на овошје и зеленчук, а ниско ниво на заситени масти и шеќер е една од најдобрите работи кои може во овој период од годината да ги направите за да го сочувате видот, како и целокупното здравје.

За зачувување на здравјето на видот особено значајни се витамините А, Ц, Е како и минералот цинк. Со правилна исхрана и прегледи кај доктор, барем еднаш годишно ќе превенирате и ќе откриете сериозни болести како што се дијабетес, автоимуни нарушувања и одредени видови канцер кои можат да се „насетат“ и преку прегледот на очите.

Меѓу бројните есенски намирници некои особено се добри за здравјето на очите.

Кељ

Кељот содржи хранливи материи – лутеин и зеаксантин. И двата антиоксиданти се наоѓаат во мрежницата која е одговорна за она што го гледаме директно пред себе. Телото не ги произведува овие хранливи материи кои му се потребни, па важно е да ги консумираме преку храната.

Морков

Морковот содржи многу витамин А којшто помага во заштита на површината на окото и неопходен е за борбата против сувото око и одржување на добриот вид. Витаминот А исто така има улога во намалување на ризикот од губење на видот поради макуларна дегенерација и катаракта.

Пиперка

Иако пиперките се достапни во текот на цела година, врвот на сезоната за нив е есен. Пиперките со впечатливи бои помагаат во одржување на површината на очите здрава и го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација. Само една чинија пиперка обезбедува 100 отсто од препорачаната дневна вредност на витамини А и Ц.

Тиква

Тиквата е есенска намирница која содржи хранливи материи за очите, вклучувајќи витамини А, Ц и Е, цинк, лутеин… Овие микронутриенти помагаат во борбата против старосна макуларна дегенерација, синдром на суво око и катаракта.

Тиквички

Тие се богати со лутеин и зеаксантин, витамин Ц, Е и цинк. Храната полна со цинк може да помогне во спречување катаракта. Тие содржат и манган, калиум и магнезиум. Покрај тоа што ги штитат очите, тие се добри за одржување на телесната тежина и нивото на холестерол во крвта.


1220