79 години од формирањето на Првата НОУБ од Егејска Македонија

Денес претставници од општина Битола, претставници од Советот на Општина Битола, делегации на Здруженијата на македонците од Егејскиот дел на Македонија и други гости, по повод 79 години од формирањето на Првата НОУБ од Егејска Македонија, одадоа почит на местото каде што на 18 ноември 1944 година е формирана ПРВАТА ЕГЕЈСКА УДАРНА БРИГАДА во Битола!
Во составот влегуваат дел од македонските воени единици што се одделиле од ЕЛАС и од дел од бригадата „Гоце Делчев“. Во нејзиниот состав влегле: Костурски, Лерински, Воденски и придружен баталјон со тешкото вооружување, активна до 2 април 1945.
Во време на формирањето, бригадата броела 400 вооружени борци а во наредниот период бројот на борци и старешини достигнал околу 2000.











***
Присутни делегации:
Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија :
* СОЈУЗ МАКЕДОН
* ЗМЕДМ – Битола
* ЗМЕДМ Тетово
* Ѕвезда Велес
* Беломорци Св. Николе
* Мирка Гинова Штип
* Светски Македонски Конгрес
* ОК Вмро Дпмне Битола
*УМС
* Ветерани
