ЃОКОВИЌ ЈА ОСВОИ СЕДМАТА ТИТУЛА НА АТП ВО ФИНАЛЕТО ВО ТОРИНО ЗА НОВ РЕКОРД ВО ТЕНИСОТ

Новак Ѓоковиќ го освои АТП финалето во Торино по денешната победа против фаворитот на домашната публика Јаник Синер и тоа во два сета.
Српскиот тенисер му се одмазди на Италијанецот за поразот во групната фаза па вечерва фуриозно во два сета со по 6-3 стигна до седмата рекордна титула на овој завршен сезонски турнир и го мина Роџер Федерер на првото место.
Се чини Ѓоковиќ играше многу потешко во групата, бидејќи се мачеше да дојде до двете победи против Руне и Хрукач во три сета. Вчера во полуфиналето о 6-3 и 6-2 го прегази Карлос Алкараз, а денеска Синер освои само еден гем повеќе.
Ѓоковиќ уште претходно го имаше обезбедено првото место на АТП-листата за оваа 2023 година.0
