December 6, 2023

Пронајдено починато лице во „Ловечка куќа“, санкционирани 59 возачи-дел од билтенот на СВР Битола

На 19.11.2023 во 12.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на место викано „Ловечка куќа“ на планината Баба било пронајдено починато лице. Полициски службеници од СВР Битола излегле на местото и било утврдено дека се работи за С.А.(76) од Скопје, кој бил дел од планинарска група која се движела кон Пелистер. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош Битола. На местото на настанот увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Расчистени три тешки кражби во битолско, тројцата крадци ги признале делата, одземеното ќе биде вратено на сопствениците

Вчера полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Г.В.(45), З.М.(22) и Н.М.(18), сите од Битола, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби на подрачјето.
Имено, Г.В.(45) се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на с.Цапари, битолско, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека З.М. и Н.М. се сомничат дека во с.Долно Српци, битолско, извршиле тешка кражба, одземајќи предмети во сопственост на правен субјект.
Приведените во целост ги признале кривичните дела, а пронајдени се и одземените предмети и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Санкционирани 59 возачи под дејство на алкохол на територијата СВР Битола

Во текот на ноќта 18 сабота/19.11.2023 недела во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 59 возачи.Од нив 34 на територија на Прилеп, 15 во Битола, четири во Македонски Брод, три Крушево ,два во Ресен и еден во Демир Хисар . За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.

Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Во моментов продолжува и истрагата за починатата 34 годишна жена од Битола, за која на 17.11.2023 во 21.44 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола без знаци на живот била донесена В.К.(34) од Битола. Лекар констатирал смрт без видливи траги нанасилство, а полициски службеници од СВР Битола извршиле увид. По наредба на јавен обвинител од ОЈО Битола телото на починатата било дадено на обдукција.

Вчера пак, 19.11.2023 недела во 17.15 чaсот во СВР Битола, А.М.(24) од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин“ била физички нападната од Д.Н. Во 12.00 часот во СВР Битола, П.П.(60) од Битола пријавил дека на ул.„Пелистер“ бил каснат од куче скитник. Во ОВР Прилеп, А.Ш.(56) од Прилеп пријавил дека на локалниот пат помеѓу селата Дупјачани и Дреновци бил каснат од куче скитник. Во ОВР Прилеп, Ѓ.К.(20) од Прилеп пријавил дека на ул.„5 Прилепска“ бил каснат од куче скитник.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните.

Извор: СВР Битола


1200