December 6, 2023

Четворица малолетници краделе компјутерски делови од училиште во Битола

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола повикале на разговор четворица малолетници, сите од с.Долно Оризари, битолско, во присуство на нивните родители.

Тие се сомничат дека извршиле “тешка кражба” на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев”, во с.Долно Оризари. Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Вчера пак, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба „Баир” во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка „југо” со битолски регистарски ознаки, кое од страна Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот.

Чеворица битолчани пријавиле дека биле каснати од куче вчера. Најпрвин кучето „оперирало“ во градскиот парк во Битола, кадешто во рок од 5 часа каснало две лица, едното малолетник. Вечерта, околу 20.50часот и битолчанка пријавила дека на ул. Цане Василев била касната од куче скитник. Околу пладне пак, во ОВР Ресен битолчанец пријавил дека во с. Асамати, ресенско бил каснат од куче скитник.

Билтенот на СВР Битола завршува со информација дека во ходникот на Основен суд Прилеп две странски во судот нападнале трето лице.

СВР Битола презема мерки за расчистување на сите настани.

Извор: СВР Битола


1132