May 3, 2024

Битола денеска блокирана, најавено доаѓање на албанскиот претседател Бајрам Бегај

Сообраќајот на возилата денеска во Битола е комплетно блокиран. Најпрвин под т.н посебен сообраќаен режим се 9 улици по кои се одвива автомобилски сообраќај, а потоа , другиот дел од градот покажува на тесните стари градски улици кои немаат капацитет за низ нив да циркулира целиот сообраќај.

Причина за тоа е најавата на доаѓањето на високи албански и македонски владини делегации кои ќе учествуваат на одбележувањето на 115 годишнината од конгресот на кој е кодирана азбуката на Албанскиот јазик.

Фото: Иницијаторите на Битолскиот Конгрес / сопственост на Музеј на албанска азбука Битола

За потсетување, иницијативата за свикување на Битолскиот конгрес, конгрес за создавање на една единствена азбука, ја презеде албанскиот клуб „Башкими“ („Bashkimi“) од Битола, кој ја имаше главната улога помеѓу тогашните албански клубови. На 27 август 1908 година, по Одлуката која ја имаше донесено уште на 21 август, раководството на клубот „Башкими“ од Битола го објави својот повик, со кој ги извести сите клубови и друштва во светот за предлогот за организирање на Конгрес за азбуката на 14 ноември1908 година на кој : „Ќе се повикаат сите Албанци, геги и тоски, како и странци и посебно филолозите, кои се заинтересирани за ова прашање, да земат учество на овој голем конгрес“. Како резултат на големата подготвителна и организациона работа, која ја спроведе Битолскиот клуб и другите албански клубови и друштва, на 14 ноември 1908 година во Битола, во зградата каде што беше сместено седиштето на клубот „Башкими“, се одржа Конгресот за уедначување на азбуката на албанскиот јазик, кој ја продолжи својата работа до 22 ноември.

Фото: од вториот Битолски Конгрес / сопственост на Музеј на албанска азбука Битола

Деновиве СВР Битола интензивно ги известува граѓаните дека во времето од 8.00 до 18.00 часот ќе биде применет посебен сообраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за одбележување на годишнина од одржувањето на оваа манифестација.

Во Битола за сообраќај се затворени улиците „Билбил камен“, „Довлеџик“, булеварот „Први Мај“ ќе биде затворен од двете страни до крстосница со улица „Столарска“, улица„ Добривоје Радосављевиќ“, „Лазо Трповски“, „Рузвелтова“, „Никола Тесла“ и улицата „Димитар Илиевски Мурато“ што се наоѓа во строгиот центар на градот. Ваквиот режим ќе трае до 18.00ч.

Фото насловна : од архивата на ПелаНет


1101