December 6, 2023

Музејот на албанската азбука во Битола можост за уште подобри билатерални односи

Претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај во придружба на претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и почесниот албански конзул Имер Селмани, денеска присуствуваат на свечени манифестации по повод 115 години од Битолскиот конгрес што ги организира НУ Музеј на албанската азбука во Битола.

Процесот „Отворен Балкан“ ги соедини двете земји кои во историјата имале и помалку пријателкси односи отколку што тоа е сега во последните години. Двете се земји со отворени аспирации кон членство во Европскта Унија иако лани во јули ЕУ ги започна преговорите за пистап на Албанија во Европската Унија, а Македонија, како што велат критичарите, остана во чекалната на европската организација. Оттука и денешната реакција на претседателот Бегај на новинарско прашање за патот на државата кон ЕУ „ За двата наши народа го посакувам најдоброто и за пат накраток можен до Европската унија, за едно поубаво утре за нашите деца со просперитет и мир во регионот.“

Според аналитичарите , македонско-албанските релации се развиле многу брзо многу позитивно од моментот на распадот на Југолавиј, особено по прогласувањето независност од страна на Македонија и победата на Сали Бериша во 1992 година. Бројот на отворените гранични премини и официјалните, деловни и приватни контакти се зголемија до ниво што самото по себе значеше нов квалитет. А до денес, Албанија на односите со Р Македонија им приоѓа низ призмата на нивното гледиште во врска со решавањето на косовското прашање и правата на Албанците во РМ. Двете земји ги врзуваат и бројни потпишани меѓународни договори, а во последните две години силно одекнува фактот дека албанската интензивно соработува со македонската полиција и држава за враќање на икони кои биле украдени од Макеоднија и завршиле на албанскиот црн пазар. Во историјата на билатералните односи се бележат и негативни падови, чести гранични инциденти во 90те години од минатиот век, обвинувањата за дискриминаторски однос на државата кон албанското малцинство , а македонската држава пак возвраќаше со обвинувања за албанско мешање во внатрешни работи.
Денес двете држави веруваат дека се надминати сите потенцијални отворени прашања.


1174