March 2, 2024

Навивачката група ‘‘Чкембари‘‘ денеска повика на хуманитарна акција за нивни член на кого во пожар му изгорела куќата.

‘‘Опожарена е куќата на еден наш член.

Потребни се донации за санирање на штетите во што побрз период односно пред да паднат температурите под нулата.

Битолчани и Чкембари, да бидеме солидарни со фамилијата во ова тешко време за нив и заедно да му помогнеме.

На натпреварот во сабота (ПЕЛИСТЕР – Башкими 13ч) ќе бидат поставени кутии во кои ќе можете да ја оставите вашата парична донација.

Исто така може да се донира и на Трансакциска сметка 200003791663062 на име Андреј Петровски‘‘


1179