March 2, 2024

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА ТЕРЕН – БИТОЛА СЕ ЧИСТИ ОД СНЕГОТ

‘‘Попладнево, заедно со моите соработници, излеговме на терен, со цел согледување на функционирањето на Зимската служба. Првите врнежи од снег ги дочекавме целосно подготвени, така што екипите на јавните претпријатија со целата расположлива механизација, работат на расчистување на улиците, а обезбедени се доволни количини на сол и ризла за постапување согласно потребите, временските услови и според Програмата за Зимска служба за сезоната 2023/2024. После расчистувањето на улиците од прв приоритет, ќе се пристапи на расчистување на улиците од втор приоритет, а се интервенира и на патиштата до руралните места‘‘, напиша градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на неговиот Фејсбук профил.


1153