Марица Тодоровска: Целосно манипулирање и тотално испревртување на фактите на последната прес конференција на битолската СДС

Целосно манипулирање, комплетно непознавање и тотално испревртување на фактите, почитувани граѓани тоа е последната прес конференција на битолската СДС.

Ниту една констатација во текстот за планираното зголемување на цената на водата не ја издржува постапката на проверката на факти, затоа што во длабокото тонење и броените денови на власт ескалира безумноста, нелогичноста и очајот, па така продолжува нивниот обичај да соопштуваат нејасни памфлети од партиската говорница.

Господа од СДС цената на водата ја определува Регулаторната комисија според утврдената методологија и никој друг, а најмалку директорот на Водовод или локалната власт!

Синоними за владеење на СДС и ДУИ се “матни зделки, партиски прослави и куфери со кеш” како и пропаднатото специјално обвинителството.

Тоа е одликата на владеењето на оваа власт во заминување !

Почитувана јавност, граѓаните и Македонија ја живеат најголемата економска криза и пропаст токму благодарение на криминалната, коруптивната и неспосбната власт на СДС во овие седум години!

Почитувани кој е одговорен за очајното лошо менаџирање на енергетската криза и зголемувањето на цената на нафтата и нејзините деривати?

Граѓаните и стопанските субјекти во Македонија плаќаат највисока цена за потрошена електрична енергија во регионов!

Кој е одговорен што во регионот благодарение на власта на СДС и ДУИ Македонија е на дното по висината на платите и пензиите?

Дали не е страшен фактот, господо од СДС, што сте останале заробени во реториката од пред една деценија и потврдувате од ден во ден колку очајно лошо се справувате со вашиот статус на опозиција на локално и власт на централно ниво!?

Но, сепак тоа е ваш проблем, по поразот на претстојните избори ви останува само надежта дека некаков трик или магија ќе ви помогне да ги реформирате сопствените редови!

Нашата обврска пред вас, почитувани граѓани, е да предочиме факти, а судот сами ќе го донесете.

На крајот, пропаста на денешнава економски исцрпена, понижена и блокирана од протести држава има двоен потпис – тоа е СДС ДУИ!


1086