March 2, 2024

Бобан Илиоски е нов светски шампион во кикбокс

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски е нов светски шампион во категоријата со 86 килограми во дисциплината лоукик.

Илиоски во финалето на Светското ВАКО првенство кое се одржува во Албуфеира, Португалија, го победи Узбекистанецот Нурбек Уришбоев со убедливи 3-0. Тој претходно во полуфиналето со убедливи 3-0 беше подобар од Ељан Алкишиyев од Азербејџан.

Златниот медал на Илиовски и светската титула се продолжување на успесите на македонскиот кикбокс. На СП 2021 година, светски шампион, и тоа по третпат, стана Димитар Ѓоргиев исто така во дисциплината лоукик, но во категоријата до 81 килограм.


1303