ОДРЖАНА ТРЕТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ОД БУЏЕТСКИОТ ФОРУМ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Денес, во хотелот Премиер се одржа третата од предвидените четири сесии во рамките на Буџетскиот форум во општина Битола.

Во рамките на сесијата, се дискутираше за буџетските програми на општина Битола, а беа презентирани и расходите по програмите предложени на првата форумска сесија.

Учесниците имаа можност да го презентираат сработеното на работната група, по што се разви и дискусија од страна на учесниците и усвојување на предлозите.

Беа презентирани и повратните информации во врска со релевантноста на граѓанските предлози од претходната сесија.

Работните групи имаа повторно можност да работат заедно во насока на дополнување на општинските предлози и предлозите од граѓаните, со цел да се донесат и формални препораки и одлуки, кои се усогласени во форумот, а се определуваа и средства за секој предложен проект.

Кон крајот на сесијата, беа утврдени следни чекори, инструкции за работната група, договарање на термин за четврта форумска сесија и оценка на форумската сесија.


1122