March 2, 2024

Порше управувано од 19 годишна девојка излета од патот – 5 лица се повредени

Пет девојки на 18 и на 19 години, од кои две потешко се повредени откако ноќеска, 25 минути по 3 часот „Порше“ со скопски регистарски таблички кое го управувала една од потешко повредените излетало од патот на крстосницата меѓу улиците „Симеон Кавракиров“ и „Венијамин Мачуковски“ и во Мичурин во скопската населба Аеродром.

19-годишната девојка која го возела автомобилот и уште една 18-годишна девојка се потешко повредени.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираше МВР.


1172