Состојба на патишта
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 50м. има во Крушево,додека магла со видливост до 100м има во Маврово,крак Маврово-Стража и на Плетвар.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да се добијат на дежурниот телефон 02 / 25 61 502 .