March 2, 2024

Заврши државното првенство во куглање

Во Битола викендов се одржа Државното поединечно првенство во куглање на Македонија – полуфинале и финале во машка и женска категорија. Се работи за најсилното по ранг поединечно првенство кое започна со квалификации, па 1/8 и 1/4 финале се играа во Мусандра во Скопје, а елитата во завршницата се сретна во Битола.
Државни прваци за 2023 година се Стефанија Алексовска од Кугларски клуб Пелистер Пин од Битола, жени и Младен Донковски од Кугларски клуб Макпетрол, мажи.

Извор: општина Битола


1138