March 2, 2024

Денеска четвртата сесија од Буџетскиот форум

Денеска од 11 часот во конференциската сала на хотел Премиер ќе се оджри четвртата сесија од Буџетскиот Форум. Според предложениот дневен ред , денеска учесниците ќе гласаат за приоритетните програми и проекти околу кои се дискутираше на претходните три сесии , што ќе биде доставено до Општина Битола за вметнување во Буџетот за 2024 година.

Во рамките на трите сесии се дискутираше за буџетските програми на општина Битола, беа презентирани и расходите по програмите предложени на првата форумска сесија, учесниците работеа во работната група, дискутираа и беа презентирани и повратните информации во врска со релевантноста на граѓанските предлози од претходната сесија.


Работните групи имаа повторно можност да работат заедно во насока на дополнување на општинските предлози и предлозите од граѓаните, со цел да се донесат и формални препораки и одлуки, кои се усогласени во форумот, а се определуваа и средства за секој предложен проект.

На овие сесии со граѓаните учествуваа претставници од општинската администрација и советници од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Советници од другите политички партии, не.


1119