Тројцата притворени за убиството на Вања ги признале организираните активности и убиството на Вања

Грабнувањето и убиството на малолетната Вања се организирани затоа што групата се обидувала да изнуди пари од нејзината мајка – изјави обвинителот на овој случај Гаврил Бубевски. Лицето коешто е убиено во Велес нема никаква врска со семејството, туку со сторителите на убиствата – автомобилот сопственост на убиеното лице во Велес било искористено за грабнување на Вања.

Нејасно е зошто кога мотивот е користољубие се случило убиство на Вања во првите моменти од грабнувањето, рече Бубевски. Двајца од осомничените кои се во притвор во исказот објасниле дека позициите на движење на малолетната Вања ги дознале од лицето кое е во бегство, а тој пак ги добил информациите од таткото на детето, а истрагата продолжува кон откривање на врската на групата којашто го извршила одов криминален чин. Една претпоставка кон која се движи истрагата била дека изнудата се однесувала на пари кои мајката на Вања наводно ги добила од продажба на стан. Во моментов се спроведува обдукција, а оружјето со кое е извршено убиството сеуте не било пронајдено.

На прес конференција министерот за внатрешни работи и обвинителот Гаврил Бубевски информираа за текот на истрагата по убиената Вања по која органите за прогон и полицијата трагаа 7 дена деноноќно. Се извршуваа многу истражни дејствија и во Велес и во Скопје и во Штип, рече министерот Спасовски и се открија и сторителите и мотивот за нивните дејствија, но со жалење констатираше дека исходот од потрагата по исчезнатото 14 годишно девојче пријавено за исчезнато од 27 минатиот месец не е според посакуваното.

Новинарите ги интересираше дали се работи за група која организирано настапувала со рекетирање на лица, и да се потврдат шпекулациите дали лицето кое е во бегство е поранешен политичар и позната јавна личност.

Исчезнувањето на Вања ги алармира сите институции во државата, граѓаните се во страв, а и политичарите имаат свој став.

„Бруталното и грозоморно убиство на Вања е пораз за цела држава.- стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа се случи и поради нефункционирањето на системот, неспособноста на институциите и отсуството на одговорност. Еден од главно осомничените е во бегство. Истиот тој е и поранешен висок функционер на владејачката СДС, меѓудругото дел од една криминално рекетарска банда која настапува и во јавниот простор за кој е јасно дека е блиска до власта, група која уценува неистомислемици, и која работи само за користољубие. Спасовски беше презафатен со организирање на самит, додека крволочната банда убива и хара низ Скопје. Треба Спасовски да одговори едно прашање – Кога истрагата дознала за извршителите? Нема скандал кој не се случи во овој негов мандат. Се делеа пасоши на криминалци од балканското и европско подземје, се случуваа сомнителни набавки на софтвери и милионски тендери, скандали со прислушукување и нелегално следење на комуникации и злоупотреба на службите за следење, криминалци неказнети кои избркале полицајци од полициска станица во Арачиново, МВР на Спасовски даваше и половина милион евра на транспортната фирма што набавуваше 2 машини за перење од 25.500 во општина чиј градоначалник беше од неговата партија и редица други скандали. Спасовски оставка веднаш.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Утрово во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје, каде што учеше 14-годишната Вања Ѓорчевска, е отворена книга на жалоста. Во неа последен поздрав испраќаат нејзини соученици. Засилено полициско обезбедување во околината на училиштето.

Нејзините соученици се простуваат од Вања со посебна емотивна порака: „ Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.

Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…

Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.

Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!“


1248

Задолжително

Verified by MonsterInsights