March 2, 2024

Спорт и култура приоритети за битолчани кои учествуваа на годинешниот Буџетски Форум

Заврши Буџетски Форум за 2023 година преку кој граѓаните директно влијаат врз изработката на општинскиот буџет за следната, во случајов 2024 година. Во информацијата од Општина Битола, до Советот на општината ќе биде доставена листа со приоритетни програми и проекти утврдени во рамките на Буџетски Форум 2023/2024 година.

На оваа листа годинава се најдоа Изградба на спортски комплекс со мала и голема сала (ракомет, одбојка, кошарка), затворен и отворен базен, сали за пинг понг, игралишта за деца со справи и реквизити, тератана, сауна, куглана, стрелана, сала за боречки спортови, паркин простор и скејт парк за ролери, Годишно одржување на бајк-парк Смолево, Изработка на Стратегија за Култура на Општина Битола, Поддршка на Европско Првенство во тенис за деца до 14 години, Изградба на летна сцена во Градски Парк, Изградба на терени за одбојка на песок, Затворање на втората пешачка зона во Стара Чаршија, Поддршка на реконструкцијата на Планинарски Дом Копанки, Осветлување на реката Драгор долж Стара Чаршија,Поставување на електронски пречки за влез и излез од зоните за дотур на роба во Стара Чаршија, Реконструкција на Бањата во Битола, Поддршка на организацијата на женска ноќна трка во атлетика, Организација на натпревар за најдобар украсен излог во Стара Чаршија.

Овие проекти Општината треба финансиски да ги испланира преку Програма за активности во областа на спортот и младите, Програма за заштита на животната средина и природа, Програма за култура, Програма за локален економски развој, Програма за развојни планови, Програма за социјална заштита и Програмата за уредување на градежно земјиште.


1105