April 17, 2024

Новачкиот општински буџет се креира преку средби со граѓани, годинава изградени 5000м2 улици и канализација во Добромири

Започна процесот на изработка на нацрт-буџетот на Општина Новаци за 2024 година, информираат од Општина Новаци. Средбите со граѓаните се реализираат според однапед определен календар на средби.


Денеска градоначалникот и претставници на општинската администрација од 17.30часот ќе раговараат со граѓаните на селата Рибарци, Гермијан и Бач.


Досега, остварени биле средби со жителите на Далбеговци, Добромири, Горно Агларци, Долно Агларци и Живојно, а ќе се остварат и средби со жителите на Долно Орехово и мариовскиот крај.
Во насока кон поголема реална партиципација на граѓаните во утврдувањето на приоритетите во Новаци, Општина Новаци на својата интернет страна направи и посебна алатка кадешто може да се пишуваат предлозие и сугесиите за начинот каде да се насочат парите од Буџетот во 2024 година.


Од година во година Општина Новаци станува се поотчетна и потранспарентна општина поблиска до граѓаните настојувајќи и нив да ги вклучи во процесот на планирање, донесување одлуки и креирање на буџетот. Според УСАИД од година во година Општина Новаци станува се поотчетна и потранспарентна општина поблиска до граѓаните настојувајќи и нив да ги вклучи во процесот на планирање, донесување одлуки и креирање на буџетот. Буџетската транспарентност на Општина Новаци се зголемила за 5 индексни поени во периодот 2021/2022 – 2022/2023 година. Фискалната транспарентност кај општините односно буџетската и даночната транспарентност ја мереше УСАИД во рамките на проектот за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“.

Инаку, Општина Новаци има успешна реализација на буџетот од тековната година. Целосно е реализирана Програмата за изградба и одржување на локални патишта, според која се изградени патишта во целата општона во вредност од 7 милиони денари , средства од буџетот на Општина Новаци и Јавното претпријатие за државни патишта. Во моментов се привршуваат активностите околу асфалтирањето на локалните патишта и улици на површина од 5000 м2 низ Општина Новаци и тоа во следните населени места: Гермијан, Бач, Рибарци, Скочивир, Новаци , Горно Агларци и патот Долно Орехово – Грумази.


Завршена е првата фаза од изградбата на фекалната канализациона мрежа во село Добромири. Градоначалникот Стевче Стевановски вели „Ова беше едно мое предизборно ветување кое веќе се реализира и жителите на ова населено место конечно ќе имаат услови за живот како и што заслужуваат во 21 век. “


За изградбата на првата фаза од канализациона мрежа со пречистителна станица во с.Добромири, општината има обезбедено над 7,5 милиони денари сопствени средства, кои се предвидени во Буџетот за 2023 година. За целосна реализација на овој капитален проект ќе следи изведување на уште две фази во наредната 2024 година.
Паралелно со изградбата на канализационата мрежа се поставија 900 метри подземни електрични инсталации а по оваа должина пуштен е и оптички кабел.Овие активности се спроведени во соработка со ЕВН Македонија и А1.


1147