Се одлагаат концерти и настани, јавноста бара државна почит за свирепо убиената Вања


„Поради трагичниот настан со малата Вања, кој ја потреси македонската јавност, денешниот концерт на пијано „Балет за четири раце“ се одлага. Дополнителни информации за алтернативен датум ќе бидат објавени дополнително. “ – информира денеска КИЦ Битола

Неколку други институции во градот најавуваат можно одлагање на настаните.

Српскиот рокер Бајага во знак на жалост веќе го одложи својот скопски концерт кој требаше да оддржи оваа сабота на 9-ти декември во Скопје.

Во битолските кафулиња и ресторани се почитува повикот од градоначалникот на Општина Центар , Скопје за намалување на интензитетот на музиката и жанрот.

Македонија е во исчекување на точните информации кои ќе покажат зошто 14 годишната Вања Ѓорчевска го изгуби животот на свиреп начин – најпрвин била киднапирана, а според информациите на надлежните, само неколку часа подоцна и убиена. Нејзината смрт и смртта на 74 велешанец отвораат многу дилеми во јавноста, медиумите кои упорно поставуваат едно единствено прашање – зошто?


1182