Расчистени шест тешки кражби во Прилеп, приведени две лица, одземеното вратено на сопствениците
Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп денеска ги лишиле од слобода Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети. Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.
По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава.
Извор: СВР Битола