March 2, 2024

Општина Новаци го презентираше Локалниот акциски план за управување со отпад за периодот 2024-2025 година

Ова е проект што Општината го реализира со шведската асоцијација на локални васти и региони САЛАР International – „ Одржливо управување со отпадот на локално ниво во Македонија“. Новаци е една од 6 пилот општини.

„За нашата општина висината на проектот изнесува 1,5 милион денари, а целта на овој проект е да се направат што подобри услови и искористат добри начини селекција и третман на отпадот.“ – рече градоначалникот Стевче Стевановски за медиумите непосредно пред почетокот на оваа презентација.
„Целокупниот процес ќе се темели на шест приоритети коишто ќе бидат опфатени во овој двегодишен период. Тоа се: обезбедување услуги ( собирање и транспорт на отпад ) на што е можно повеќе корисници, воведување систем за селекција на отпад и собирање на посебни текови на отпад, намалување на количините за органски отпад кои завршуваат на депонија, изградба на депонија согласно стандартите на ЕУ, затворање и санација на ѓубриштата и -обезбедување приход кој целосно ќе ги покрие трошоците за управување со отпад.“ – информираше градоначалникот Стевановски.

На презентациајта којашто се одржа вчера во конференциската сала на Општината присуствуваа и советници и претставници на невладиниот сектор и бизнисот.


1120