April 16, 2024

За борба против семејно насилство денеска се зборуваше и во просториите на Општина Битола

Денес во рамки на кампањата „ 16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“, со поддршка на ЕУ/Совет на Европа Ромактед програмата втора фаза, во салата на Советот на Општина Битола се одржа работилница на тема „ Обединето против насилство врз жените и девојчињата “.


На работилницата со свои излагања зедоа учество институции кои се директно вклучени во процесот за постапување по пријави за насилство: Центарот за социјална работа – Битола преку излагачот г-а Дуди Јаја – социјална работничка, која ги посочи статистичките податоци со кои располага Центарот за социјални работи Битола, во однос на семејното и други видови на насилство со кои се соочуваат во центарот, Министерството за внатрешни работи – СВР Битола преку излагачот г-а Бети Бошкова – инспекторка за малолетничка деликвенција и семејно насилство, која исто така ги истакна статистичките податоци во однос на пријавите кои ги имаат и даде објаснување како се постапува во однос на кривичниот законик и како претставник од Основен суд – Битола беше судијката Татјана Митревска која во своето излагање ни претстави два случаи за семејно насилство кои ги водела и каква пресуда е донесена за тие случаи.
Присутните на работилницата имаа можност да постават прашања и да отворат дискусија во однос на излагањата на претставниците од институциите.

Извор: Општна Битола


1105