Учествувајте во „Зимска Приказна“
Општина Битола објави јавен повик за учество во организација и реализација на културни и туристичко промотивни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2024 година – Зимска приказна.
Годинава, „Зимската приказна“, на иницијатива на Локалниот економско социјален совет, покрај кај Офицерскиот дом, ќе биде насочена и кон раздвижување на Старата битолска чаршија, со цел понуда на културно – забавни содржини за сите генерации, кои ќе придонесат и за привлекување на поголем број посетители на градот.
Аплицирањето на јавниот повик за програмскиот дел на „Зимска приказна“, ќе биде електронски, со доставување на апликација за учество на емаил адресата zimskaprikazna@bitola.gov.mk.
Повеќе информации за повикот се достапни на веб страната на Општина Битола, на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen_povik_zp23-2/.