March 2, 2024

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Магла со видливост до 50 м има во Крушево.

Од 15.11.2023 год. (среда), патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024год.

Започнувајќи од 05.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово – Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Поради истите причини од 11.12.2023 година ќе биде изменет и сообраќајниот режим на магистралниот пат A3, делница Прилеп – Битола.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Се замолуват сите учесници во сообраќајот кои не користат зимски гуми (иако тоа им е законска обврска од 15. 11. 2023 год.) да го ослободат патот по кој се движат како не би преставувале пречка за останатите учесници во сообраќајот. Со самата постапка, на екипите на Македонијапат ќе им овозможат полесна и посигурна интервенција на патиштата со цел за нормално одвивање на сообраќајот. Ова посебно се однесува за планинските премини и за правците за кои имаме издадено известување за забрани за сообраќај за тешки товарни возила.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации може да се добијат на дежурен телефон 02 / 25 61 502 .


1041