May 19, 2024

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола се прости од отец Цветко

Изразуваме искрено сочуство до семејството по повод упокојувањето на отец Цветко – парохиски свештеник на храмот Св. Троица во населбата Буковски ливади.

Неговото овоземно заминување само ќе го зацврсти споменот за него, како човек кој насекаде го ширеше словото Божјо, човек кој ја сакаше Македонија и со секој негов збор и благослов потврдуваше дека само со љубов, добра мисла и силна вера може да му се служи и на Христа и на Македонија.

Ќе недостига во нашите редови, а Македонија остана без уште еден нејзин силен овоземски поддржувач!

Царство небесно!


1431