Добитничката на Нобеловата награда за мир од затвор: Иранскиот народ ќе ја победи авторитарната влада

Иранскиот народ на крајот ќе ја надвладее авторитарноста што го наметна владата која го изгуби легитимитетот и јавната поддршка, порача од затворот добитничката на овогодишната Нобелова награда за Мир Наргес Мохамади во својто говор кој денеска го  прочитаа нејзините деца.

Норвешкиот одбор за Нобелова награда во октомви ѝ ја додели Нобеловата награда за мир на Нарге Мохамади(51) за нејзиата ненасилна борба „против насилството на жените во Иран“ и за„против угнетувањето на жените во Иран“ и за промовирање на човековите права за сите, што е многу јасна порака до теократските лидери во Техеран.

„Наргес денес не е овде со нас. Таа е во затвор и ќе штрајкува со глад во знак на солидарност со верското малцинство“, рече нејзиниот помлад брат Хамидреза Мохамади во кусата воведна изјава.

Сопругот на 51-годишната активистка, Таги Рахмани, појасни дека гестот на солидарност се однесува на бахаите и дека двајца водечки луѓе од тоа малцинство исто така штрајкуваат со глад.

Најголемото верско малцинство во Иран е цел на дискриминација во многу сектори на општеството, според неговите претставници.


1060