Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп – Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Од 15.11.2023 год. патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024год.

Од 07.11.2023 година о извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово – рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово – Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец – Катланово е затворена за сообраќај.


ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можа да се добијат на дежурениот телефон 02 / 25 61 502 .

Извор : јпозмрп


1213

Задолжително

Verified by MonsterInsights