Советот за волонтерство на општина Битола, ја додели наградата за волонтерски ангажман во локалната заедница за 2023 година, по повод 5 декември – Меѓународниот ден на волонтерите.
Добитници на наградата оваа година според категориите се: за волонтерска организација – Хуманитарната организација ,,Свети Спас”, за волонтер поединец – Леонардо Соколов и за волонтерска програма – Локален волонтерски сервис Битола
Наградите ги додели заменик градоначалникот на општина Битола Бојан Бојковски, кој им посака уште многу успешни волонтерски активности во наредниот период, при тоа заблагодарувајќи им се за нивните досегашни дејствувања.

Извор: Општина Битола


1331

Задолжително

Verified by MonsterInsights