April 16, 2024

Меѓународниот ден на планината се слави секоја година на 11 декември со цел да се создаде свест за важноста на планините во животот, да се истакнат можностите и ограничувањата во развојот на планините и да се изградат сојузи кои ќе донесат позитивни промени на планинските народи и средини ширум светот.

Фото : https://skimacedonia.mk/livecamera-weather-2-2/


Планината Баба, со врвот Пелистер се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија и е со алпски карактеристики. Врвот Пелистер е поставен меѓу долините на Пелагонија и Преспа. Стар е околу 465 милиони години и е највисок врв во паркот, со 2.601 метри надморска височина.
Постојат две легенди поврзани со името Пелистер. Едни, велат дека името потекнува од грчкиот збор “peristeri” што значи гулаб, заради белосивиот камењар, кој кога го гледате од далечина заликува на гулаб. Други, веруваат дека е тоа е поради пет-игличестиот бор – петлистер (пет иглички – пет лисја), па од таму – Пелистер.
Која е највисоката планина на светот?

Фото: Vadim Kurland — originally posted to Flickr as IMG_2673.JPG

Највисоката планина во светот од основа до врв е Мауна Кеа, на Хаваи, САД. Севкупно, тој е приближно 10.205 метри (33481 стапки) во висина, повисок од 8.849 метри на Монт Еверест (29032 стапки). Над половина од Мауна Кеа е под вода во Тихиот Океан. И за многумина не е планина туку само долго неактивен вулкан.
Планините често служат како географски карактеристики кои ги дефинираат природните граници на земјите. Нивната висина може да влијае на временските обрасци, застојот на бурите што се тркалаат од океаните и истиснуваат вода од облаците. Другата страна е често многу посува.

Фото насловна: Попова Шапка/ архва на Пеланет


1054