March 2, 2024

Од вечерва во Офицерски , „Мазал Тов“ – Еврејските свадби во Македонија

Вечерва во 19.00 часот , во Свечената сала на КИЦ – Офицерски свечено ќе биде отворена изложбата „Мазал Тов“ – Еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни низ фотографии, документи и предмети.

Изложбата се состои од фотографии, оригинални документи и предмети кои биле составен дел од свадбената церемонија на Евреите од Македонија.

Наменски за изложбата е дизајниран и невестински фустан. Моделот на фустанот го дизајнираше проф. д-р Јана Манева-Чупоска, уметница и модна дизајнерка. На изложбата покрај 15 панели на кои е раскажана свадбената церемонија на Евреите од Македонија, претставени се и оригинална кетуба – брачен договор, старите ковчези и куфери со чеизот и миразот што го носеле невестите, а вклучени се и еврејските, сефардски поговорки за бракот како мал прозен жанр кој ја искажува традиционалната мудрост.
Изложбата е приказ на некогашната свадбена церемонија која во современиот живот е напуштена и сосема изменета.
Автор на изложбата е м-р Жаклина Мучева – раководител на сектор за едукација во Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а сопственик на изложбата Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија. Изложбата финансиски е поддржана од Министрство за култура на РСМ.

Извор: КИЦ Битола


1135