April 16, 2024

НЕОЛИТСКИОТ ЛОКАЛИТЕТ КАРАКАМЕН „НАПАДНАТ“ ОД БЕХТЕЛ И ЕНКА!

Левица бара да запре уништувањето на македонското културно наследство .

Ова е насловот што попладнево го окупира вниманието на читателите на https://plusinfo.mk/ , а се однесува на работата на конзорциуммот Бехтел и Енка на коридорот 10д – делот од Прилеп кон Битола ( или обратно).

Додека т.н меинстрим медиуми се занимаваат со сервисната информација за промената на режимот на сообраќај на автопатот А1 – Битола – Прилеп, политичката партија Левица објави соопштение во кое се прашува ( и тврди) дека геолошките истражувања започнале без археолошки надзор.

Во пренесеното соопштение се вели : „ Американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка деновиве започнаа со минирање во месноста „Црн Камен”, кај селото Алинци, прилепско, каде се наоѓа познатото наоѓалиште со раритетно минерално богатство од светски ранг и неолитскиот археолошки локалитет Каракамен.“ Ископувањата започнаа без претходно археолошко истражување – тврди партијата Левица.

Повеќе на интернет страната: https://plusinfo.mk/neolitskiot-lokalitet-karakamen-napadnat-od-behtel-i-enka-levica-bara-da-zapre-unishtuva-eto-na-makedonskoto-kulturno-nasledstvo/

Инаку , информацијата дека на автопатот ќе има променет режим на сообраќај вели дека причината е во „изведување на геотехнички истражувања на коловозот“ и , во време кога не се знае целосно точниот правец на коридорот 10д.

Фото насловна : Карта на северниот дел од Пелагонија со рекогносцирани предисториски локалитети: 1. Врбјанска Чука-Славеј; 2. Тумба-Боротино; 3. Крушеанска Чука-Врбјани; 4. Коњарски Вис-Славеј; 5. Бел Камен-Славеј; 6. Чука Ливаѓе-Славеј; 7. Тумба Чаир-Пашино Рувци; 8. Средсело-Вр-бјани; 9. Паралица-Славеј; 10. Чукарчиња-Врбјани;


1155