April 16, 2024

Oтворена сензорна соба во OУ Даме Груев во Битола

Во ОУ „ Даме Груев “ денес е отворена сензорна соба, благодарение на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „ Чекор по чекор “ со проектот инклузивни општини преку квалитетно образование, а сето ова поддржано од Германското друштво за меѓународна соработка, во соработка со Општина Битола и ЗЕЛС.
На отворањето на сезорната соба беше присутен градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски кој ја искажа потребата и значењето од ваквите сензорни соби, кои придонесуваат за поттикнување и развивање на потенцијалите на учениците кои имаат потреба за работа во индивидуален или групен контекст.


Собата е целосно опремена со сите аудио визуелни и сензорно моторички реквизити.

Извор: Општина Битола


1120