April 16, 2024

Амандманот за влезот од Прилеп прифатен на комисија, надеж дека ќе биде и на пленумот

Во екот на подготовката на буџетите на градовите, општините и државата, градоначалникот на Битола на својата официјална фејсбук страна информираше дека со залагање на битолските пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ конечно е прифатено во буџетот на РМ да бидат определени пари за изградба на сообраќајното решение за влез во Битола од север .

Тој во својата објава пишува :

„На вчерашната комисиска расправа во собранието на буџетот за 2024 година прифатен е амандман наменет за капитален проект за Општина Битола. Поконкретно, овие средства ќе бидат предвидени за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп.
Односно со изготвениот основен проект за Реконструкција на улица 8ми Септември во должина од 1400м на КП бр.1476/1 КО Горно Оризари и КП 900 КО Раштани – Битола (од бензинска ЛукОил до табла излез спрема Прилеп) со следните фази:
🚧 Атмосверска канализација
🚧 Водоводна инсталација
🚧 Коловозна конструкција
🚧 Улично осветлување
🚧 Реконструкција на пропуст над Раштански порој
🚧 Поставување на сообраќајна опрема
🚧 Експропријација
Сето ова немаше да беше возможно без напорите на претседателот Hristijan Mickoski и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија, кои во услови на опозиција под сериозни опструкции од власта, успејаа да обезбедат средства за капитален развој на Општина Битола.
Ова е само почеток на нашата мисија за преродба на нашиот град.
Заеднички, одговорно, чесно и посветено работиме во интерес на граѓаните на Битола кои ни се врвен приоритет!

Важно Е промените да продолжат не само за Битола туку и за Македонија!


1223