Одбележување 75 години од Универзалната декларација

Делегацијата на Европската Унија и Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН организираа ораторски натпревар во Јуроп хаус Битола по повод 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, завршувајќи ја кампањата 16 дена активизам организирана заеднички од ЕУ/ОН/ОБСЕ против родово базираното насилство, започната на 25 ноември во Скопје.

Настанот започна со обраќања на Бен Нупнау, заменик-шеф на ЕУ делегацијата, и Росана Дуџиак, постојан координатор на ОН. Г-дин Нупнау ја истакна потребата од дејствување за заштита на човековите права, забележувајќи: „Одбележувањето на Универзалната декларација оваа година е повик за дејствување, потсетник на нашата колективна и индивидуална одговорност да се бориме за своите и за основните човекови права на другите“. Г-ѓа Дуџиак ја истакна важноста од користење на нашиот глас во застапувањето на човековите права и клучната улога на вклученоста на младите, наведувајќи: „Тоа е главната алатка која ви овозможува решавање на проблемите што влијаат на вашата заедница, на вашата нација и на светот. Од бездомништво до климатски промени, можеме да се справиме со сѐ, ако го користиме нашиот глас. Дополнително, младите треба да бидат вклучени во општеството и да бидат гласни за проблемите со кои се соочува нивната заедница”.

На ораторскиот натпревар, поддржан од Јуроп хаус во Скопје и во Битола во соработка со младиот ораторски клуб Форум Ораторес, учествуваа шест финалисти, избрани од отворениот повик до правните факултети од Скопје, Штип и Битола. Младите оратори, кои поминаа речиси 6-неделна обука за ораторски вештини, јавно говорење и пишување говор, ги покажаа своите вештини и длабоко разбирање за прашањата за човековите права, настапувајќи со своите говори на теми чии опсег опфаќа од родова еднаквост до права на децата.

По внимателно размислување, жирито ја избра Јулијана Ѓоргова за најдобра изведувачка и ѝ го додели првото место. Второто и третото место им припаднаа на Бојана Бурческа, односно Христина Гарабиљевиќ. Ораторската церемонија вклучуваше и неконкурентни изведби на неодамнешните победници на ораторски конкурс од истите 3 факултети.

Настанот не само што послужи како платформа за младите гласови за човековите права, туку и како потсетник за релевантноста и важноста на Универзалната декларација за човекови права додека ја одбележуваме нејзината 75-годишнина.

Извор: Delegation of the European Union // Press and Information Officer Media Relations


1149

Задолжително

Verified by MonsterInsights