Испочитувана традиција – Димче Миновски засади дрвце во алејата на 4 ноемвриски добитници
Годинешниот добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело, Димче Миновски, ја продолжи традицијата со засадување дрвце во Алејата на добитниците на наградите за животно дело во градскиот парк.

Чинот го реализира со мала помош од градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и советникот Кире Климевски, а со морална поддршка на дел од советниците од општинскиот Совет.


За Коњановски посебна чест е фактот што го мина претпладневниот работен ден со добитникот на наградата за животно дело за 2023 гофина. Миновски „со својата професионална ориентација го прославил својот роден град надалеку, пишувајќи за спортот, историјата на спортот, вршејќи преку 3000 преноси во живо од спортски натпревари, а истовремено бил и автор на повеќе од 200 емисии посветени на Битола и значајни настани од Битола.“
Годинешниот лауреат Димче Миновски се заблагодари за големото признание, кое е потврда за неговата работна активност и незапирлив творечки дух.

Извор : Општина Битола