March 2, 2024

Убиството на новинарот – словачки документарец за борба против корупцијата ќе биде проектиран во КИЦ Офицерски

По повод Меѓународниот ден на човековите права, Истражувачката репортерска
лабораторија – ИРЛ со поддршка на Кралството Холандија организира проекција на
филмот „Убиството на новинарот“ проследена со панел дискусија за трагичните
последици од корупцијата.
„Убиството на новинарот“ во режија на Мет Сарнечки е запрепастувачка приказна за
словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова,
кои беа безмилосно убиени во нивниот дом во 2018 година. Филмот ги прикажува
последиците поради откривањето корупција на највисоко ниво во словачкото општество.
Настанот е од отворен карактер и ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола.
Проекцијата на филмот ќе започне во 19:00 часот, а потоа ќе следува кратка панел
дискусија.
Погледнете го официјалниот трејлер на филмот „Убиството на новинарот“:

Извор : ИРЛ Скопје


1130