Попладнево Општина Битола на официјалната Фејсбук страна објави соопштение во кое се наведува дека почитувајќи ги принципите на екологијата и нормите на однесуваање во правец кон намалување на штетните гасови во воздухот, организираната новогодишна прослава на отворено во дворот на Офицерски не вклучува огномет.

Во соопштението се вели :

„Преку светлосни ефекти и 3 Д мапинг, Општина Битола, од минатата година, воведе нов начин на одбележување на Дочекот на Новата година, кој предизвика воодушевување кај пубиката и остави убави впечатоци.
Поаѓајќи од минатогодишното искуство, а во насока на почитување на еколошките стандарди, заштитата на животната средина и еднаква грижа за сите граѓани, општина Битола, нема да организира огномет на Новогодишната ноќ. „Зимската приказна“, ќе биде збогатена со соодветни содржини, кои без негативни влијанија, на полноќ ќе ја доловат радоста на убавите желби за годината што доаѓа.“

Инаку, Битола годинава не се споменува во градовите кои со почетокот на зимата се високо на листата градови кои имаат исклучително загаден воздух во Македонија. На фотографијата подолу се денешните ( 13.12.2023г) индексни поени , според информациите од Миистерство за животна средина и просторно планирање.


1298

Задолжително

Verified by MonsterInsights