Приведен разбојник во Битола, украденото вратено на сопственикот
Утринава во 03.50 часот во Битола полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 ст.1 од КЗ.
Малолетникот на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот. Престапникот во присуство на родител бил приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Битола / Фото насловна : www.sciencemediacentre.co.nz