April 17, 2024

Не е експресен, рехабилитиран е и вметнат во коридор 10д

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беа на увид на рехабилитираниот регионален пат Битола-Меџитлија, чија што рехабилитација заврши и патот е пуштен во употреба. Премиерот Ковачевски посочи дека инвестицијата за рехабилитација на овој патен правец во должина од 12,5 километри е во вредност од 3,28 милиони евра.

„Овој патен правец кој децении наназад бил запоставен, а сега рехабилитиран, е од исклучително значење, особено што се работи за дел од европскиот Коридор 10-д, кој нè поврзува со нашиот јужен сосед. На целиот Коридор се работи навистина интензивно и тоа на сите делници што на крајот ќе резултира со модерен патен правец од Коридорот 10, поврзување со Коридорот 10-д преку Прилеп, Битола, до границата со Грција. Со тоа целиот овој регион добива нов инфраструктурен лик“, изјави премиерот Ковачевски, во неговото обраќање на настанот, потенцирајќи дека резултатите на Владата се видливи. “ –

Инаку, според Законот за патишта, „Експресен пат” е јавен пат кој е специјално изграден и наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со најмалку по една лента за секоја насока и лента за застанување, на кој сообраќајот може да се вклучи, односно исклучи само на одредени и посебно изградени приклучоци и кој е заштитен од пристап надвор од овие површини.

Извор: Влада на РМ


1152