April 17, 2024

Со овој наслов https://www.vecer.press ги објавува одговорите на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за јавноста којашто сака со воз да отпатува во соседна Грција и првиот поголем град дестинација Лерин ( Флорина ).

Министерот Бочварски денеска беше во посета на регионот заедно со премиерот Димитар Ковачевски со кого свечено го означија крајот на реконструкцијата на патот до меѓудржавната граница со Република Грција во должина од 12,5 километри во вредност од 3,28 милиони евра обезбедени од ЕБОР.

Пругата од друга страна пак, во должина од 17тина километри својата завршница ја имаше со завршувањето на 2019 година, но ниту тогаш ниту сега не доживеа свечено отворање.

Фотографија: сопственост на http://www.build.mk/

„– Минатата недела имавме средба со државниот секретар, кој ја предводеше делегацијата од министерството за транспорт на Грција. Драго ми е што од двете страни се потврди политичката волја за повторно воспоставување на една добра пракса на соработка и комуникација помеѓу двете држави.“- пишува денеска www.vecer.press

Повеќе за нивната сторија на

https://www.vecer.press/%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%BD%D0%B5-%D0%BB%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B1%D1%80%D0%B7%D0%BE-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%B7%D0%B0/

Зафатот вреден 17,2 милиони евра е финансиран со грант од Европската Унија (6 милиони евра) и со средства од државниот буџет (11 милиони евра). Со проектот се изградија 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и објект за сигнализација и телекомуникации на потегот меѓу Битола и Кременица.

Инаку, се работи за железничко поврзување на Битола со Солун, железничка линија која постоела пред 150 години, којашто прекина со работа во 1986 година, а за чие реконстуирање државата ги започна активностите во 2016 година.

Фотографии насловна http://www.build.mk/


1203