April 16, 2024

Временска прогноза

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Пелагонија температурата на воздухот ќе се движи во интервалот од – 5 како минимална утринска , до 6 степени како максимална дневна температура.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северозападен ветер. Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониски дневни температури.


1057