April 16, 2024

Состојба на патишта

Магливо на битолските коловози, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, Прилеп, Кичево и Македонски Брод, а магла со видливост до 100 метри има на патниот правец Хиподром – Петровец и по Повардарието.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Учесниците во сообраќајот може да добијат детални информации на дежурниот телефон

02 / 25 61 502.

Извор: јпозмрп

Фото насловна: маглата во


1087