April 16, 2024

Денеска 34 седница на Совет на Општина Битола

На дневен ред предложени 75 точки

Советниците на денешната 34 седница на Советот на Општина Битола ќе расправаат по 75 точки што претседателката Габриела Илиевска ги предложи во најавениот дневен ред.

За расправа се предложени програмите за работа на сите сектори во Општината и комисиите на советот, финансиските планови за работа на комуналните претпријатија, одлуки за поставување на спомениците на Александар Турунџев, Пецо Гудовски, Генерал Васко Карангелевски и Јонче Христовски, за формирање комисија која ќе работи на велосипедска инфраструктура во градот. Најмногу дискусија се очекува по предложените одлуки за измена на тарифирањето на услугите што јавните комунални претпријатија Водовод, Нискоградба и Комуналец ги даваат на и во општината , а предложени согласно Решението на Регулатирна Комисија за периодот 2024-2026 година.


1038