April 16, 2024

15 милиони денари за експропријација врз 110 милиони одобрени од владата за северниот влез во Битола

Денеска на седницата на Советот избраните советници треба да расправаат и гласаат по предлогот во буџетот да се издвојат 15 милиони денари за изработката на влезот во градот од север.
Според општинската администрација потребни се за тековните трошоци кои се започнати во оваа година и за постапки кои би се појавиле во текот на 2024 година.
Денес или утре се очекува општинските предлози за експропријација да бидат поднесени до министерството за финансии откако започна првата административна постапка за експропријација, преку Управата за имотно правни работи.
Но , има и други постапки на експропријација кои се започнати, а сеуште не се завршени. Активна е постапката со дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“, а не се финализирани и експропријацијата на ул. Џоџа со 13 Јули, постапка која започнала во 2018 година , под комплексот Кеопс кај паркингот, и уште една за којашто се води судска постапка.


1126