Антикризните мерки во насока на сметките за струја

Партиска трибина на СДСМ „Повеќе за сите“

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа учествуваше на трибина што ја организира локалната СДСМ Битола.

„Со новиот деветти пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, продолжува мерката за субвенционирање на цената струја до 90%. Се справивме со сите можни предизвици и успешно ја поминавме кризата, никој не беше оставен сам.
За над 600 илјади семејства во земјата ја продолжуваме мерката за субвенционирање на цената на струјата и тоа до 90%. Јас многу пати сум кажал, ако некој заслужува аплауз и благодарност од цела државата за оваа придобивка, и за справувањето со енергетска криза и зголеменото производство на струја за 45%, тогаш тоа се вработените во енергетските капацитети во државата, во РЕК Битола поточно, и сите нивни колеги кои работеа на реализација на она што успеавме да го направиме. Токму со нивната посветена работа 68.000 мали потрошувачи во кои се вработени 98% од работниците во приватниот сектор имаат субвенционирана струја. “ – рече Ковачевски.

Извор: СДСМ Битола


1208

Задолжително

Verified by MonsterInsights