Временска прогноза
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Пелагонија, температурата на воздухот се движи во интервалот – 3 до 9 степени.