Состојба на патишта
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет во раните утрински часови се бележат на Попова Шапка, додека во Куманово, Берово и на планинските превои Стража и Пресека се бележат послаби врнежи од дожд и снег. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во Кичево.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.Од утринава во 6.00часот до пладне нема никакви забрани за сообраќај на ниту еден од државните патни правци.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Учесниците во сообраќајот може да добијат информации телефон 02 / 25 61 502.