March 2, 2024

68 години КУД „Илинден“ Битола

Одржан традиционалниот концерт

КУД „Илинден“ од Битола во неделата што измина го одржа својот традиционален предновогодишен концерт во Центарот за култура. Годинава својојот концерт во кој учествуваат сите играорни групи го насловија “Од ко ќе удре с’нце, дур до мрак” , а на публиката и пружија скоро 8 часовно задоволство на македонски игри, ора и песни, вистински осврт кон богатата македонски фолклор и историја.


Антонио Димитровски, претседател на КУД вели „Фолклорот е суштината, содржината на нашиот идентитет. Заради тоа КУД „Илинден“ од Битола со несмалено темпо, ненамален интензитет го негува и како порака го испраќа од Гинимале Битола Македонија и низ целиот свет. Нема континент кадешто не бил КУД Илинден од Битола. Илјадници концерти се дадени во илјадници градови, места и секаде кадшто се презентира фолклорот – светскиот фолклор. И тука мора да напоменам без никаква помпа, секогаш кога учествуваме, КУД „Илинден“ од Битола на светски фестивали секогаш добиваме една од првите врвни наград . Тоа е затоа што нашиот фолклор е најубав фолклор на земјината топка. Ова ви го кажувам со полна одговорност ( како на доста возрасен човек што ја „јаде“ осмата деценија и сум учествувал на илјадници такви фестивали или концертни настапувања). Во нашиот фолклор има душа, во нашиот фолклор е опишано се за да може слушателот лесно да го отслика и ние заради тоа се гордееме. “


Во своето 68 годишно постоење КУД „Илинден“ на своите полици ги стави наградите Гран при во Монт-Дор, Франција (1971 година), Второ место во конкуренција на народни оркестри на меѓународен фестивал во Ланголен,Велика Британија (1996), Второ место во конкуренција на изворен фолклор во Ланголен – В. Британија (1998), Сребрена секира на Меѓународниот фестивал во Закопане, Р. Полска (2008), Награда за најдобар оркестар на Меѓународниот фестивал Етновир во Лвив, Р. Украина (2009), Награда за најавтентична група на Меѓународниот фолклорен фестивал „Искеле” во Искеле – Р. Северен Кипар (2015), Втора награда од стручното жири на Меѓународниот фолклорен фестивал во Здунска Вола – Полска (2016). КУД„Илинден“ е носител и на највисокото општинско признание 4 ноември.


Светските турнеи што ги прават ансамблите на битолски КУД „Илинден“ се забележани од бројни медиуми, неколку илјадна публика. Културната размена е мисијата што ја изведува друштвото, учење за македонската посебност и нејзино зачувување.


Димитровски вели „Заради тоа , поддржувајте ги вашите деца, внуци, пријатели…шетањето е можеби е петти елемент во суштината на нештата – Првиот елемент е да го попримат духот македонски и да го зачуваат и да го пренесат кога ке пораснат на нивните поколенија, како вие и јас моите деца играа го добиваат вирусот македонси и одат по патеката која треба да ја поминува честит и чесен човек и Македонец.“

Погледнете го концертот низ фотографиите на Ивона Кочов објавени на официјалната Фејсбук страница на КУД Илинден :

https://www.facebook.com/casilindenbitola

Извор: КУД Илинден


1162