March 2, 2024

Новата 2024 во светот дочекана со блескави огномети

Спектакуларно, огнено, новогодишно

Светот , сосе сите градови центри на модата, бизнисот, политиката, културата и спортот го одбележа пристигнувањето на новата година со блескав и долготраен огномет. Од тоа што се гледа, градовите повторно се оддале на неформалниот натрпевар кој ќе има најголем новогодишен огномет.

Во продолжение дел од таквото одбележуавње во некои од нив, со врски за директно следење на YouTube кадешто организатори на различни забави или медиуми ги ставиле за објавување на сите заинтересирани.

Во Дубаи, од највисокиот облакодер на светот туристичка приказна за земјата, светлосно шоу со добро осмислена музика и тајминг на секоја испалена огномет ракета.

ЊуЈорк ја има својата традиција на симнување на светлечка топка од небо во 23.59 часот која стои на земјата една минута и така го симболизира доаѓањето на новата година уште од 1908 година кога сопственикот на зградата на весникот ЊуЈорк Тајмс The New York Times го започнал ваквиот начин на прослава.

Огномет имаше и во Дизниленд. Овде различна беше само музичката тема- од сите големи цртани филмови произведени од Дизни.

Во Лондон, критиките на еколозите за аерозагадувањето било кусо , па лондончани уживаа во 15 минутен огномет со пораки кои посочуваат дека Лондон е град за се – бизнис, култура, љубов , може да бркате со кого сакате.

Во Бразил, огромниот огномет се случи на плажата Копакабана.

Според временските зони , во Сиднеј, огномет го осветли познатиот хоризонт на градот по прекрасната програма што градот ја организира од отворениот простор на познатата Опера.

Извор: YouTube / сопственост YouTube


1066